Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2013

Карлос: Ето мисли само на себе, а не на екипата

Роберто Карлос, тренерот на турскиот Сиваспор, рече дека Самуел Ето, последното засилување на Челзи, е себичен и дека има лошо влијание на атмосферата во екипата.

Карлос и Ето на крајот на деведесеттите години од минатиот век играа во Реал од Мадрид, а повторно соработуваа во 2011 година во рускиот Анжи, каде што легендарниот бразилски фудбалер ја вршеше функцијата играч и тренер.
„Го познавам Ето уште откако имаше 16 години. Добра личност е и секогаш ми беше мил, но има особина себеси да се става пред екипата, што не е добро. Чудно е кога еден играч, наместо за играта, повеќе да размислува за тоа како во клубот да ги доведе фудбалерите кои се негови пријатели. Тој во Анжи правеше сè, само не играше фудбал“, изјави Карлос, а пренесе „Дејли мејл“.
Тој додаде дека имал големи планови со Анжи од Махачкала, но дека проблемите настанале кога Ето почнал да се меша во одлуките на тренерот.
„Првата година сезоната ја завршивме на петтото место. Подоцна дојде Ето и настанаа проблемите во соблекувалната. Морав да разговарам со руските фудбалери зошто е тој доведен во клубот, меѓутоа, тој почна да се меша во мојата и во работата на Хус Хидинк“, додаде Карлос.
Ето за Анжи одигра 71 натпревар и постигна 36 голови, а деби во Челзи би можело да има во сабота, кога „сините“ гостуваат кај екипата на Евертон.

Најнови вести