Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2013

Вилијан пет години во Челзи

Вилијан, 25-годишниот бразилски фудбалер за врска, во саботата успешно ги помина лекарските прегледи и потпиша петгодишен договор со лондонскиот премиерлигаш Челзи.

Челзи се согласил на досегашниот клуб на Бразилецот, Анжи од Махачкала, да му исплати оштета од 38 милиони евра.
Бразилецот минатата седмица во своите редови се обидуваа да го доведат Ливерпул и Тотенхем. Пресуден беше, како што се чини, пријателскиот однос на двајцата сопственици на клубовите: Роман Абрамович на Челзи и Сулејман Керимов на Анжи.
Се очекува новиот фудбалер денеска да биде официјално претставен во лондонскиот клуб.

Најнови вести