Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2013

Ето потпиша за Челзи

Камерунскиот фудбалски репрезентативец Самуел Ето (32) потпиша едногодишен договор со Челзи, потврди лондонскиот клуб на својата веб страна.

„Многу сум среќен што сум тука, но исто така сум и нервозен бидејќи сакам да почнам да играм што поскоро. Тоа не беше тешка одлука. Ги видов квалитетите кои што ги има Челзи, а и порано бев среќен со Жозе Мурињо, така што ја искористив оваа прилика веднаш штом се укажа“, изјави Ето.
Камерунецот кој четири пати е изгласан за најдобар африкански фудбалер пристигна во Челзи од Анжи за отштета која што се проценува на 6,9 милиони фунти.
Во минатото Ето соработуваше со менаџерот на Челзи, Мурињо, во Интер со кој во 2010 година освои тројна круна. На португалскиот стручњак тој му беше резервна опција за која се одлучи по неуспешниот обид да го донесе напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.
Пред Интер и Анжи, Ето ги носеше дресовите и на Реал Мадрид и Барселона, а за репрезентацијата на Камерун во 112 натпревари има постигнато 55 голови.

Најнови вести