Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2013

Кокорин, Денисов и Жирков го засилија Динамо од Москва

Фудбалскиот клуб од руската престолнина Москва, Динамо, на својата официјална интернет-страница објави дека го комплетира трансферот дури на тројца репрезентативци од Анжи.

Богатиот клуб од Махачкала уште пред десетина дена објави дека ги распродава своите најскапи играчи, откако сопственикот на клубот Сулејман Керимов одлучи да го намали годишниот клупски буџет од 180 на 50-70 милиони долари. Динамо ја искористи таквата ситуација и своите редови ги засили со Игор Денисов, Јуриј Жирков и Александр Кокорин.
„Денисов, Кокорин и Жирков ќе може да ги видите на тренингот денес. Денисов би можело да настапи и во првиот натпревар кај Краснодар, додека Кокорин и Жирков и понатаму закрепнуваат од повредите“, рече претседателот на Динамо, Генати Соловјов.
Се очекува Анжи, дури 13-тиот состав на руското првенство по четири одиграни кола (без победа), до крајот на преодниот рок да ги продаде и своите двајца најдобри играчи – Самуел Ето и Вилијан.

Најнови вести