Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2015

Арсенал тргна по напаѓач на Динамо Москва

Арсенал очајно бара напаѓач пред крајот на преодниот рок, поради што Арсен Венгер се сврти кон неочекувана цел.

Откако не успеа да го доведе Карим Бензема, Венгер се сврти кон Александр Кокорин, напаѓачот на Динамо од Москва.
Според наводите од Русија, Арсенал веќе контактирал со клубот од Москва, па се очекува во текот на оваа седмица Кокорин да стигне во Лондон.
Овој 24-годишен руски репрезентативец постигна два гола во првите три натпревари оваа сезона, а со оглед на тоа дека Динамо поради казната на УЕФА не игра во Европа, нема причина да остане во Москва.
Иако сега малку неочекувано се доведува во врска со „топчиите“, левоногиот центарфор веќе беше цел на Арсенал, а во руските медиуми дури се шпекулираше и за Манчестер јунајтед и Тотенхем.
Покрај Кокорин, Венгер во финишот на преодниот рок се интересира уште за: Гжегож Криховјак, дефанзивниот фудбалер на Севилја, Вирџил ван Дајк, дефанзивниот фудбалер на Селтик и Јакуб Блашчиковски, бекот на Борусија Дортмунд.
Арсенал веќе подолго време го сака и Лајвин Курзава, бекот на Монако, но наводно ПСЖ е поблиску поради понудата од 20 милиони евра.

Најнови вести