Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
20.6.2018

Вилшер потврди дека си оди од Арсенал

Џек Вилшер, играчот за врска на Арсенал ја заврши својата епизода во клубот од којшто потекнува. Тоа го потврди тоа на профилот на „Инстаграм“.

„Можам да потврдам дека ќе го напуштам Арсенал кога ќе ми истече договорот на крајот на јуни. По интензивните разговори со луѓето во клубот, посебно по неодамнешните состаноци со новиот менаџер, заклучив дека не ми преостануваат многу опции туку да го направам ова чисто од фудбалски причини. Како што знаете, неколку месеци разговарав за продолжување на договорот и мојата намера беше да останам во Арсенал, клубот во којшто поминав 17 години. Мојата желба беше толку силна што бев подготвен и на намалена плата“, изјави Вилшер во пораката на „Инстаграм“.
Вилшер во првиот тим на Арсенал е од 2008 година и за „топчиите“ одигра вкупно 125 натпревари на коишто постигна седум гола. Во 2010 година пола сезона помина на заем во Болтон и целата сезона 2016/17 во Борнмут, а за репрезентацијата на Англија одигра 34 натпревари на коишто постигна два гола.

 

Најнови вести