Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2013

Денисов замина од Зенит во Анжи

Игор Денисов, 29-годишниот руски фудбалски репрезентативец, кој игра на позицијата дефанзивен играч за врска, следната сезона ќе ги брани боите на Анжи од Махачкала по 11 години поминати во Зенит од Санкт Петербург.

„Спорт експрес“ наведува дека трансферот е договорен меѓу двата клуба и дека и официјално ќе биде реализиран во следните денови.
Денисов минатата година беше суспендиран поради критиките за висината на примањата кои ги имаат Хулк и Аксел Вицел, а подоцна со извинување е вратен во екипата. Но, очигледно, тој инцидент непоправливо го расипал односот на играчот кон клубот, па трансферот на капитенот на руската репрезентација во Анжи не е за чудење.
Додека Денисов е на излезните врати на Зенит, во него може да се врати 32-годишниот Андреј Аршавин, кому му истече договорот со Арсенал. Аршавин во Зенит играше меѓу 2000 и 2009 година, па повторно на заем во 2012 година, а последниот збор околу неговиот можен ангажман ќе го има тренерот Лучијано Спалети.

Најнови вести