Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
03.6.2017

Манчини и официјално во Зенит

Италијанскиот тренер Роберто Манчини го презеде Зенит, соопшти клубот од Санкт Петербург.

„Фудбалскиот клуб Зенит му посакува добредојде на Роберто Манчини во Санкт Петербург и му посакува сè најдобро како нов тренер“, се наведува во соопштението на Зенит.
Манчини потпишал договор на три години, со опција за продолжување на уште две.
Некогашниот тренер на Интер и менаџер на Манчестер сити на местото тренер на Зенит го замени Мирчеа Луческу, кој беше отпуштен бидејќи втора година по ред не се пласира во Лигата на шампионите, но веќе го презеде грчкиот ПАОК, по оставката на Владимир Ивиќ.

Најнови вести