Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2017

Ивановиќ преговара со Зенит

Бранислав Ивановиќ, капитенот на Србија, преговара со рускиот Зенит за можен трансфер од лондонскиот Челзи.

Искусниот дефанзивен играч оваа сезона е во втор план кај Антонио Конте , главно е на клупата за резерви откако Италијанецот премина на формацијата со тројца играчи во задната линија.
Англиските медиуми најавуваат дека Ивановиќ до крајот на оваа седмица би можело да го реализира трансферот во Санкт Петербург и да се врати во Русија, каде што играш за Локомотив од Москва од 2006 до 2008 година.
Се шпекулира дека Челзи е подготвен да го пушти 32-годишниот Србин без оштета, иако договорот му истекува налето, а тој би потпишал тригодишен договор со Зенит.
Ивановиќ наводно ќе добие тригодишна плата од пет милиони евра, двојно повеќе од тоа што му нудеше Јувентус.
Претходните седмици се шпекулираше дека го сакаат и Евертон, Вест хем и Лестер, а се шпекулираше и за Јувентус и Барселона.

Најнови вести