Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2018

Андреа Пирло се враќа во репрезентацијата на Италија

Славниот италијански фудбалер Андреа Пирло ќе се врати во репрезентативниот тим на Италија, овој пат како помошник на селекторот Роберто Манчини.

Како што наведува „Анса“, поранешниот фудбалер на Интер, Милан и Јувентус, е блиску до договор со Фудбалскиот сојуз на Италија да се приклучи на стручниот штаб на репрезентацијата.
Пирло на крајот на минатата година престана со активно играње фудбал во дресот на Њујорк сити и се сврти кон тренерската работа.
Триесет и деветгодишниот Пирло одигра дури 116 натпревари за Италија и даде голем придонес во освојувањето на шампионската титула на Мундијалот во Германија 2006 година.
Со Милан освои два трофеја на Лигата на шампионите, а во комбинација со Јувентус и шест титули на Скудетото.

Најнови вести