Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2013

Тотенхем и Рома се договориле за Ламела

Даниел Леви, претседателот на Тотенхем, пред да го пушти Герет Бејл во Реал Мадрид, со две нови засилувања ќе го почести тренерот на својата екипа, Андре Вилаш-Боаш.

„Скај спорт Италија“ вчера попладне објави дека претставниците на фудбалскиот клуб од Лондон со Рома го договорија трансферот на 21-годишниот аргентински офанзивен играч за врска Ерик Ламела.
Исто така, овој извор наведува дека Аргентинецот ќе се пресели на „Вајт харт лејн“ за оштета од 35 милиони евра и дека ќе потпише шестгодишен договор вреден 2,4 милиони евра годишно.
Прилично конфузно делува информацијата дека некако во исто време Ламела со досегашните соиграчи на стадионот „Олимпико“ минувал низ процедура на официјално фотографирање за потребите на претстојната сезона.
Вчера попладне, исто така, стигна веста дека 25-годишниот бразилски играч за врска Вилијан веќе се наоѓа во Лондон и ги завршува лекарските прегледи.
Дека се преговара со неговиот досегашен клуб, Анжи од Махачкала, потврди и менаџерот на екипата Андре Вилаш-Боаш.
„Не можам да потврдам дека трансферот е готов. Можам само да речам дека покажавме интерес за него и дека преговорите сè уште траат“, изјави Вилаш-Боаш.

Најнови вести