Корисничко име Лозинка Пријави се
05.11.2015

Бензема признал вмешаност во уцената

По поминатата ноќ во притвор, напаѓачот на Реал Мадрид признал дека бил вмешан во изнудување пари од Матје Валбуена и сега предметот го презема обвинителството.

Карим Бензема признал дека разговарал со Валбуена за секс снимката за која фудбалерот од средината на теренот бил уценуван од уапсените криминалци.
Во текот на прислушувањето се појавило името на напаѓачот на Реал Мадрид, а сега останува да се види дали тој пријателски го советувал Валбуена да ја плати уцената до 100.000 евра или го терал тоа да го стори.
Обвинителството се сомнева дека криминалците, меѓу кои има еден пријател на Бензема од детството, го искористиле да го натера Валбуена да им ги плати парите.
Бензема најверојатно ќе се брани дека само сакал да го посоветува пријателот да плати и да избегне снимката да биде пуштена во јавност.
Двајцата фудбалери разговарале пред еден месец на подготовките на француската репрезентација во Клерфонтен.
Во текот на денот судија ќе одлучи дали Бензема ќе биде пуштен на слобода, а медиумите во Франција очекуваат тој да остане во притвор.
Францускиот селектор Дидие Дешамп ги изостави Бензема и Валбуена од списокот на репрезентативци за претстојните пријателски натпревари на Франција против Германија и Англија.

Најнови вести