Корисничко име Лозинка Пријави се
20.1.2016

Зидан: Бензема мора да оди на Евро

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан ја повика Француската фудбалска федерација да ја промени одлуката и да му дозволи на Карим Бензема да игра на Европското првенство.

Бензема е исфрлен од репрезентацијата поради вмешаноста во скандалот со уценувањето на соиграчот од националниот тим Матје Валбуена во врска со украдената интимна видео снимка.
„Франција не може да си дозволи себе си да игнорира играч како што е Бензема. Кога ќе ја погледнете неговата статистика, сè што прави на теренот, ние не смееме да дозволиме тој да не игра“, изјави Зидан за француските медиуми.
Бензема е репрезентативец на Франција од 2007 година, а од тогаш за националниот тим забележа 81 настап на кој постигна 27 голови.

Најнови вести