Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2015

Бенитес: Бензема е во тимот, мораме да нападнеме

Тренерот на Реал Мадрид, Рафаел Бенитес, изјави дека Карим Бензема ќе биде во екипата за „Ел класико“ и додаде дека не е во конфликт со искусните играчи во својот клуб.

Бензема не е во тимот од минатиот месец, поради повредата на тетивата која ја доби играјќи за репрезентацијата на Франција.
Исто така Бензема е во центарот на вниманието и поради уцените кон неговиот соиграч Матје Валбуена поради украдената интимна видео снимка. Бензема во склопот на истрагата помина и една ноќ во затвор.
„Бензема во екипата тренираше и играше добро. Ќе излеземе со најсилниот тим бидејќи играме со Барселона. Тоа ќе биде веќе втор пат да располагаме со сите играчи. Сите се тука и конкуренцијата е голема“, изјави Бенитес.
Шпанскиот стручњак негираше дека има несогласувања со искусните играчи и рече дека конфликтот со Марсело, Серхио Рамос и Кристијано Роналдо околу стилот на играта е „целосно лажна“.
„Барселона постојано го менува стилот на играта во зависност од својот противник. Реал е тим кој мора да напаѓа, кој мора да постигнува голови и тоа и планираме да правиме“ , изјави Бенитес.
Големото дерби на светскиот фудбал меѓу Реал Мадрид И Барселона  ќе се одигра денес во 18:15 на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Актуелниот шампион Барселона е на првото место на табелата и има три бодови предност над Реал.

Најнови вести