Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2012

Ајев и Жињак го пропуштаат Ажаксио

Марсеј ќе биде ослабен за важното дуо, Андре Ајев и Андре Пјер Жињак, на гостувањето кај Ажаксио во 27-то коло од француската Лига 1.

Репрезентативецот на Гана има проблеми со повреда на рамото, а францускиот репрезентативец Жињак уште не е целосно заздравен од повредата на препоните.
Добра вест тренерот на Марсеј, Дидие Дешамп, е што во тимот се враќаат Стефан Мбиа, Матје Валбуена и најдобриот стрелец, Лоик Реми, кој досега има постигнато девет голови.
„Тројцата ќе бида во конкуренција за настап, но дали ќе можат да играат ќе потврдам по денешниот тренинг“, изјави Дешамп.
Вечерниот дуел е од витално значење за Марсеј, кој претрпе порази на последните три првенствени натпревари, а не постигна ниту еден гол, што предизвика пад дури на осмото место на првенствената табела на францускиот гигант.

Најнови вести