Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2014

Исла официјално во Квинс парк ренџерс

Маурисио Исла, чилеанскиот фудбалер и член на Јувентус, прејде во Квинс парк ренџерс од Лондон, за кого ќе игра на заем нареднава година.

Според договорот на двата клуба, Квинс парк ренџерс на крајот на следната сезона ќе има првенство при евентуален откуп на договорот на Исла.
Тогаш англискиот клуб ќе може за сума од десет милиони евра да го ангажира чилеанскиот репрезентативец.
„Тој е врвен играч и задоволни сме што го доведовме. Исла својот квалитет го покажа на Светското првенство играјќи за Чиле и се надевам дека ќе биде добро засилување за нас оваа сезона“, изјави Хари Реднап.
Минатата сезона Исла за Јувентус одигра 21 натпревар, а клубот од Торино ја освои шампионската титула на Италија.

Најнови вести