Корисничко име Лозинка Пријави се
30.10.2014

Рио суспендиран на три натпревари поради порака на „Твитер“

Фудбалската асоцијација на Англија го суспендира Рио Фердинанд, играчот на Квинс парк ренџерс, поради непристојна порака на „Твитер“.

Владејачкото тело на англискиот фудбал истрагата ја покрена пред две седмици, откако Фердинанд на социјалната мрежа „Твитер“ го употребил зборот „скет“, кој се однесува на промискуитетна девојка или жена.
Фердинанд пораката ја напишал на први септември, а таа била одговор на пораката во која некој му најавил дека на неговиот тим му е потребен стопер.
„Внеси ја својата мајка, игра добро во полето, сине! Скет“, одговорил со порака Фердинанд.
Фудбалерот на Квинс парк, исто така, е казнет со 25.000 фунти и е предупреден во иднина да припази на своето однесување. Покрај тоа, наредено му е во наредните четири месеци да посетува една образовна програма која ќе му ја среди Фудбалската асоцијација.

Најнови вести