Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2014

Хулио Цезар се враќа во Италија

Според пишувањата на „Скај спорт Италија“, бразилскиот 34-годишен репрезентативен голман Хулио Цезар се враќа во првата италијанска фудбалска лига.

Сè уште актуелниот голман на англискиот второлигаш Квинс парк ренџерс се согласил на понудените услови од страна на Калјари, моментно 14-пласираниот состав на Серија А. Се очекува дека до крајот на оваа седмица трансферот на бразилскиот чувар на мрежата ќе се финализира.
Пред да направи трансфер во редовите на Квинс парк ренџерс, Хулио Цезар седум години го чуваше голот на италијанскиот гигант Интер од Милано, со кого во 2010 година ја освои тројната круна.

Најнови вести