Корисничко име Лозинка Пријави се
23.4.2015

Џанлука Феста го презеде Калјари

Фудбалскиот клуб Калјари вчера за нов тренер го именуваше Џанлука Феста.

Феста, поранешниот фудбалер на Калјари и на Мидлсборо, на клупата го замени Зденек Земан, кој во вторникот поднесе оставка, и во клубот ќе остане до крајот на сезоната.
„Џанлука Феста е поставен за нов тренер на Калјари, каде што ќе остане до крајот на сезоната“, се наведува во соопштението на италијанскиот клуб.
Зденек Земан во декември минатата година беше отпуштен од Калјари и на негово место беше поставен Џанфранко Ѕола, но екипата не ги оствари очекуваните резултати, па Земан се врати во клубот на деветти март. Екипата под негово водство во пет натпревари освои само еден бод, па 67-годишниот тренер поднесе оставка.
Четириесет и шестгодишниот Феста е без работа откако третолигашот Лумецане го отпушти во март 2013 година. Новата екипа прв пат ќе ја предводи во недела, во натпреварот против Фиорентина.
Калјари во неделата изгуби од Наполи со 0-3 и го доживеа седмиот пораз во последните осум првенствени натпревари. Последната победа Калјари ја оствари на 24-ти јануари, кога одигра 2-1 против Сасуоло.
На седум кола пред крајот на првенството, Калјари се наоѓа на претпоследното, 19-то место на табелата со заостанување од девет бодови зад Аталанта, која е на 17-тото место и не е во зоната на испаѓање.

Најнови вести