Корисничко име Лозинка Пријави се
09.4.2014

Дестро ќе паузира на три натпревари

Дисциплинската комисија на Серија А го суспендира Матија Дестро, напаѓачот на Рома, на три натпревари поради тоа што го удри Давиде Астори, фудбалерот на Калјари.

Инцидентот се случи во неделата, на натпреварот во кој Рома на гостински терен победи со 3-1, а Дестро постигна хет-трик. Покрај суспензијата, тој ќе мора да пропушти уште еден натпревар поради парниот број жолти картони.
Рома се наоѓа на второто место на табелата со 76 освоени бодови, осум помалку од првопласираниот Јувентус.

Најнови вести