Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2015

Земан ќе го замени Ѕола на клупата на Калјари

Италијанскиот фудбалски клуб Калјари го смени тренерот Џанфранко Ѕола, а кормилото на тимот веројатно ќе го преземе Чехот Зденек Земан, кој кратко ја водеше екипата во 2014 година.

Ѕола е сменет поради серијата лоши резултати, коишто кулминираа со вчерашниот пораз на тимот против Сампдорија од 2-0, по што Калјари заедно со Чезена со по 20 бодови се наоѓаат на претпоследното место во Серија А.
Земан во декември минатата година доби отказ откако Калјари забележа само две победи во 16 натпревари во Серија А.
Чешкиот стручњак во кариерата тренираше главно италијански клубови, меѓу кои се Рома и Наполи, а во 2008 година кратко седеше на клупата на Црвена ѕвезда.

Најнови вести