Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2015

По две години Рома го откупи Најнголан

Раџа Најнголан, фудбалерот на Калјари, и официјално е нов член на Рома, потврдено е на интернет-страницата на италијанскиот клуб.

Белгискиот фудбалер претходните две сезони ги помина на заем во Рома, а челниците на „волчицата“ платиле девет милиони евра и целосно го откупиле неговиот договор.
„Ова е фантастичен ден, конечно станав играч на Рома, тоа е она што го сакавме и клубот и јас. Нивната доверба ќе ја оправдам со своите игри, сега сум целосно фокусиран на следната сезона“, изјави Белгиецот на „Твитер“.
Најнголан минатата сезона за клубот од Рим одигра 44 натпревари и постигна пет голови. За репрезентацијата на Белгија настапи 11 пати и три пати се запиша во листата на стрелците.

Најнови вести