Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2014

Балотели е казнет со 10.000 евра поради провокација

Марио Балотели, напаѓачот на Милан, е казнет со 10.000 евра поради провокативниот гест кон навивачите на Калјари за време на првенствениот натпревар на Сардинија, а поради жолтиот картон кој го доби нема да игра на следниот натпревар на Милан против Торино.

Дисциплинскиот суд на италијанската Серија А наведе дека Балотели ја разлутил публиката со провокативен и навредлив гест откако го постигнал изедначувачкиот гол од слободен удар.
Поради тој инцидент контроверзниот италијански репрезентативец доби жолт картон, осми оваа сезона, така што ќе го пропушти следниот првенствен натпревар во сабота против Торино во Милано поради насобраните картони.
Дваесет и тригодишниот Балотели веќе паузираше три натпревари оваа сезона поради тоа што на крајот на натпреварот против Наполи на „Сан Сиро“ ги навредуваше судиите.
Милан го победи Калјари по пресвртот со 2-1 и сега е на деветтото место на табелата со 28 бодови.

Најнови вести