Корисничко име Лозинка Пријави се
07.4.2014

Смена на тренерите во Калјари

Првата од двете тренерски „жртви“ во Италија викендов е Диего Лопез кој по поразот од Рома, доби отказ на клупата на италијанскиот прволигаш Калјари.

„Го отпуштив Лопез, а на клупата се враќа Иво Пулга“, изјави за АНСА претседателот Масимо Челино, кој последните седмици е многу ангажиран околу преземањето на Лидс, кое, најверојатно, конечно ќе се случи.
„Морав нешто да направам, иако се трудев да го избегнам отказот, Лопез ме натера. Јас не сум личност која се крие“, додаде Челино.
Иво Пулга минатата сезона дебитираше како тренер, а Диего Лопез му беше асистент, па Челино одлучи дека е подобро да им ги замени улогите во текот на минатото лето. 
Калјари го очекуваат две гостувања, кај Сасуоло и кај Џенова, па потоа ќе ја нагости Парма. Во претпоследното коло го чека Киево, и тоа ќе биде последна шанса да ги отстрани претходните пропусти, бидејќи и пред и потоа го чекаат тешки гостувања – Наполи и Јувентус.
Калјари се наоѓа на 15-тото место на табелата на Серија А со 32 бода, седум повеќе од зоната за испаѓање.

Најнови вести