Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2014

Најнголан ја засили Рома

Италијанскиот прволигаш Рома потврди дека на заем до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката, од Калјари го доведе 25-годишниот белгиски играч за врска Раџа Најнголан.

Рома на Калјари ќе му плати оштета од три милиони евра за заемот до крајот на сезоната, а потоа, ако биде задоволна од неговиот ангажман, дополнителни шест милиони евра за откуп на половина од неговиот договор, пренесоа медиумите.
Најнголан во Калјари стигна од Пјаченца во јануари 2010 година, прво на заем, а потоа клубот од Сардинија во летото 2010 година го откупи неговиот договор. Во дресот на белгиската репрезентација настапи четири пати.

Најнови вести