Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2017

Диего Лопес нов тренер на Калјари

Лопес како тренер веќе ги водеше фудбалерите на Калјари, во сезоната 2013/14. Исто така, во екипата од Сардинија 12 сезони ги помина како играч.

Уругвајскиот тренер Диего Лопес вчера го презеде фудбалскиот клуб Калјари, каде што го замени Масимо Растели.
Четириесет и тригодишниот Лопес со италијанскиот клуб потпиша договор до јуни 2019 година.
Лопес како тренер веќе ги водеше фудбалерите на Калјари во сезоната 2013/14. Исто така, во екипата од Сардинија 12 сезони ги помина како играч.
Калјари во вторникот остана без тренер бидејќи Растели беше отпуштен поради лошите резултати. Клубот се наоѓа на 13-тото место во Серија А со шест бодови од осум натпревари.

 

Најнови вести