Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2015

Земан повторно го напушти Калјари

Зденек Земан, тренерот на Калјари поднесе оставка поради серијата лоши резултати, пренесе „Газета дело спорт“.

Искусниот 67-годишен Чех по втор пат оваа сезона го напушта кормилото на Калјари, откако претходно беше сменет на крајот на декември минатата година, а се врати на деветти март на местото на Џанфранко Ѕола.
„Секој мора да преземе одговорност за стореното. Ова е мој начин да го направам тоа“, изјави Земан два дена по поразот со 3-0 од Наполи.
На седум кола пред крајот на италијанската Серија А, Калјари се наоѓа на претпоследното 19-то место со 21 бод, дури девет помалку од Аталанта, првата екипа надвор од зоната за испаѓање.

Најнови вести