Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2013

Гомес ќе паузира најмалку шест седмици

Марио Гомес, напаѓачот на Фиорентина, ќе отсуствува шест до седум седмици од теренот поради повреда на коленото, соопшти клубот од Фиренца.

Гомес се повреди во неделата, на натпреварот против Калјари (1-1) по интервенцијата на гостинскиот голманот Михаел Агаци.
„Напаѓачот ќе носи стегач две седмици, а потоа ќе почне со процесот на закрепнување за да ги дочека натпреварите подготвено. Очекуваме периодот на рехабилитација да трае меѓу шест и седум седмици“, се наведува во соопштението на Фиорентина.
Гомес на почетокот на летниот преоден рок го напушти Баерн од Минхен, а за Фиорентина досега одигра четири натпревари и постигна два гола.

Најнови вести