Корисничко име Лозинка Пријави се
11.3.2017

Прв Севернокореец во Серија А

Талентираниот напаѓач Хан Кванг Сон е првиот фудбалер од Северна Кореја кој потпишал за некој италијански клуб.

Калјари, членот на Серија А, вчера објави дека го довел 18-годишниот играч по успешно одработената проба.
Хан ќе игра за вториот тим на Калјари, но на него ќе може да смета и тренерот на првиот тим Масимо Растели.
Тој со селекцијата на Северна Кореја го освои Азиското првенство за играчи до 16 години во 2014, а наредната година го привлече вниманието со добрите игри на Светското првенство за играчи до 17 години.

Најнови вести