Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2016

Кулибали паузира две седмици поради повреда на коленото

Калиду Кулибали, одбранбениот фудбалер на Наполи, ќе отсуствува од теренот околу две седмици поради повреда на коленото, пренесоа денес италијанските медиуми.

Кулибали во неделата, на натпреварот против Калјари (5-0) го повреди коленото во завршницата на првото полувреме, а италијанскиот „Тутоспорт“ наведува дека Сенегалецот од теренот ќе отсуствува околу 15 дена, што значи дека ќе ги пропушти натпреварите против Торино и против Фиорентина пред зимската пауза во шампионатот на Италија.
Наполи најверојатно нема да може да смета на Кулибали сè до почетокот на февруари, бидејќи од 14-ти јануари 2017 година до петти февруари се одржува Африканскиот куп на нациите, а овој 25-годишен дефанзивен играч ќе добие повик од репрезентацијата на Сенегал.
Наполи по 16 одиграни натпревари, се наоѓа на четвртото место во Серија А со 31 освоен бод, осум помалку од лидерот Јувентус.

 

Најнови вести