Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2013

Марио Гомес неколку седмици надвор од теренот

Марио Гомес, германскиот напаѓач на Фиорентина, ќе отсуствува од фудбалскиот терен неколку седмици откако се здоби со повреда на лигаментите на коленото.

Неодамнешниот член на Баерн Минхен се повреди во вчерашниот натпревар од третото коло на Серија А против Калјари (1-1), поради што беше принуден да ја напушти играта во 51-вата минута. Според извештаите на клупската лекарска служба, 28-годишниот Гомес се здоби со оштетување на колатералниот медијален лигамент.
„Гомес ќе биде надвор од погон неколку седмици. Денес ќе направи детални тестови, но по првите прегледи можеме да речеме дека, во оптимистична варијанта, ќе отсуствува три до четири седмици. Ако повредата е сериозна, тогаш го чека пауза од околу шест седмици“, објавија од Фиорентина.
За да биде работата за клубот од Тоскана полоша, се повреди и колумбискиот играч за врска Хуан Куадрадо, кој го дислоцира рамото. Го очекува пауза од десетина дена.

Најнови вести