Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2018

Дибала и Маркисио еден месец надвор од теренот

Пауло Дибала и Клаудио Маркисио, фудбалерите на Јувентус, ќе бидат надвор од теренот од 30 до 40 дена поради повреда, соопшти италијанскиот клуб.

Јувентус вчера продолжи со тренинзите по зимската пауза и објави соопштение по лекарските тестови.
Дибала и Маркисио имаат проблеми со мускулите, така што надвор од теренот ќе бидат од 30 до 40 дена.
Ситуацијата со голманот Џанлуиџи Буфон и со Хуан Куадрадо е подобра, но тие двајца и оваа седмица ќе тренираат одделно од екипата.
Тоа значи дека ќе го пропуштат натпреварот од Серија А против Џенова во понеделник. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Буфон и Куадрадо на теренот би можело да излезат за натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Тотенхем на 13-ти февруари.

Најнови вести