Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2017

Наполи понуди 40 милиони за Киеза, Јувентус тргна по Кеита

Наполи понуди дури 40 милиони евра за крилото на Фиорентина Федерико Киеза, синот на Енрике, поранешниот италијански репрезентативец.

Трансферот е условен со пласманот на Наполи во Лигата на шампионите, затоа што го чека плејоф против Ница.
Тимот од Неапол се обиде да го доведе и минатото лето, но не беше успешен.
Деветнаесет годишниот фудбалер секако е перспективен, но учинокот од минатата сезона - пет голови и четири асистенции на 36 натпревари не вреди толку пари, што значи дека Наполи сака да инвестира во иднината.
Доколку замине тоа ќе биде уште еден удар за Фиорентина затоа што клубот летово веќе го напуштија Бернардески, Валеро, Вецино, Родригес и Татарусану.
Јувентус ја зголеми понудата за напаѓачот на Лацио и Сенегал, Кеита Балде. Сопственикот на „лацијалите“ Клаудио Лотито одби 20 милиони, а новата понуда е 25 милиони.
Проблемот за Јувентус е тоа што Лотито бара точно 30 милиони, а за дваесет и двегодишниот Балде се заинтересирани и Интер, Милан и Наполи. Сенегалецот има уште една година во договорот со римскиот клуб и ако не оди сега, следното лете би заминал како слободен фудбалер.

Најнови вести