Корисничко име Лозинка Пријави се
08.3.2018

Италија во солзи, илјадници го испратија Астори

Италија во солзи се прости од прерано починатиот репрезентативец и капитен на Фиорентина Давид Астори на погребот во Фиренца пред повеќе илјади граѓани.

На градскиот плоштад во Фиренца се собра голем број навивачи со шалови и обележја на клубот, а на погребот дојде и комплетната експедиција на Јувентус директно од Лондон по синоќешниот натпревар против Тотенхем.
Присуствуваа и функционери на Интер, Рома, Фудбалската федерација на Италија, политичари и личности од естрадата...
Триесет и едногодишниот Астори почина во сон во неделата од срцев удар кога со неговата екипа беше во карантин пред натпреварот со Удинезе во Серија А.

Најнови вести