Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2017

Фиорентина на продажба поради навивачите

Сопствениците на клубот Фиорентина вчера соопштија дека ќе го стават клубот на продажба поради незадоволството на навивачите.

Диего и Андреа дела Веле, сопственици на фабрика за чевли, ја презедоа Фиорентина во 2002 година, кога клубот банкротираше и испадна во четвртата лига.
И покрај тоа што семејството само по две години го врати клубот во Серија А, навивачите никогаш во целост не го прифатија.
Најголема забелешка на навивачите е неподготвеноста да инвестираат во клубот, така што сопствениците вчера потврдија дека се подготвени да ја продадат Фиорентина.
Во соопштението се наведува дека сопствениците се подготвени да го напуштат клубот и да го препуштат на оние коишто ќе го водат на адекватен начин.
„Ќе ги разгледаме само сериозните понуди на заинтересираните кои навистина се грижат за клубот. Ова е моментот кога сите коишто го сакаат клубот и веруваат дека можат успешно да го водат, со повеќе успеси, да излезат напред“, се наведува во соопштението на клубот. 
Фиорентина минатата сезона се пласира на осмото место во најсилната италијанска лига. Стефано Пиоли, некогашниот капитен на Фиорентина, неодамна беше поставен за тренер.

Најнови вести