Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2018

Капитенот на Фиорентина почина во сон

Италијанскиот фудбалер Давиде Астори почина ноќеска на 32 годишна возраст.

Калчолигаш соопшти дека капитенот Астори починал во сон, но причината за смртта сè уште не е позната.
Одбранбениот фудбалер во јануари наполни 31 година, а за италијанската репрезентација имаше 14 настапи со еден постигнат гол.
Според италијанските медиуми фудбалерот утрово не се разбудил во хотелот каде екипата престојувала пред гостувањето на Удинезе.
„Фиорентина е длабокот потресена и приморана да објави дека капитенот Давиде Астори почина“, стои во соопштението на клубот.
Астори кариерата ја почна во Милан, беше на позајмица во Перголетесе и Кремонезе, шест години играше за Калјари, потоа една сезона во Рома, а од 2015 година е члена на Фиорентина. Одигра 310 натпревари и постигна пет голови.
Пред само две недели стана татко.
Сочуство на неговото семејство и на Фиорентина меѓу првите изразија Ернан Креспо, Пауло Дибала, Јувентус, Рома...
Сите натпревари во италијанската Прва и Втора лига кои беа закажани за денес се одложени.

Најнови вести