Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
19.3.2018

Буфон: Се враќам заради Астори и за да го обединам тимот

Иако Џанлуиџи Буфон ги одбројува деновите до пензија, сè уште не му кажал збогум на националниот фудбалски тим на Италија. Легендарниот голман на Јувентус сака да остави трага во репрезентацијата за последен пат и затоа одговори на повикот на селекторот Луиџи ди Бјаџо да ги одигра натпреварите против Аргентина и Англија.

По поразот од Шведска во баражот за Светското првенство, очите на Џанлуиџи беа преполни со солзи поради фактот дека Италија нема да биде во Русија. На многумина им беше јасно дека Буфон нема веќе да игра фудбал за „аѕурите“, но легендарниот голман сепак ќе биде тука за националниот тим.
„Јас сум доследна личност со големо чувство на одговорност. Тоа е доволно за повторно да бидам присутен во репрезентацијата. Исто така,  секогаш сум бил елементот кој обединува во националниот тим и моето присуство секогаш се гледа во тоа светло. Некои млади момчиња растат, некои веќе стигнаа да ја водат екипата и сите тие ќе добијат шанса“, изјави Џанлуиџи Буфон, голманот на Италија и на Јувентус, кој додаде дека има уште една причина зошто уште еднаш ќе застане пред стативите на италијанскиот гол.
„Давиде Астори е уште една причина зошто сум овде и зошто одговорив на повикот“ додаде Буфон.
Италијанците во петок ќе играат против Аргентина во Манчестер, додека наредниот вторник ќе ги одмерат силите со Англија.

Најнови вести