Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2016

Бруно Алвеш во Калјари

Фудбалскиот репрезентативец на Португалија Бруно Алвеш потпиша двегодишен договор со италијанскиот прволигаш Калјари, објави клубот од Сардинија.

Искусниот 34-годишен одбранбен играч во Калјари доаѓа без обесштетување откако му истече договорот со Фенербахче. 
„Доведовме вистински војник на теренот, играч кој може да ги чува најдобрите напаѓачи на светот. Алвеш поседува голема доза на агресивност, личност, техника и психичка подготвеност“, се наведува во соопштението на членот на Серија А.
Алвеш зад себе има богато искуство, ја освои титулата со Порто (четири), две со Зенит и Фенербахче, а играше уште и за Фаренсе, Гимараеш и АЕК од Атина.
За селекцијата на Португалија одигра 85 натпревари и постигна 10 голови, а е дел од тимот и на претстојното Европско првенство.

 

Најнови вести