Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2018

Ѕола се врати во Челзи да му помогне на Сари

Италијанецот Џанфранко Ѕола се врати во Челзи и е именуван за помошник на новиот менаџер Маурицио Сари.

Поранешниот фудбалер на лондонскиот клуб, каде што помина седум години (1996-2003) и даде 80 гола, сега во стручниот штаб ќе му помага на земјакот Сари, кој неодамна дојде на местото на уште еден Италијанец, Антонио Конте.
„Враќањето во Челзи е одлична работа. Сакам напорна работа, пред нас е голем предизвик, но верувам дека ќе бидеме успешни. Ќе дадам сè од себе како што го правев тоа како играч“, изјави Ѕола за клупската интернет-страница.
Ѕола зад себе има тренерско искуство, ги водеше: кадетската репрезентација на Италија, Вест хем, Ватфорд, Калјари, катарскиот Ал-Араби, а во август минатата година си замина од клупата на англискиот второлигаш Бирмингам.

Најнови вести