Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2014

Јунајтед без Рио две седмици

Рио Фердинанд, фудбалерот на Манчестер јунајтед, ќе паузира две седмици поради повреда на коленото.

Фердинанд се повреди во неделата, на натпреварот со Свонси во ФА купот, а деталните лекарски прегледи потврдија дека му е потребна пауза.
Поради тоа, поранешниот репрезентативец на Англија ќе пропушти три натпревари, синоќешниот пораз од Сандерленд во Лига купот (1-2), како и во првенството против Свонси и против Челзи.
Фердинанд во досегашниот тек на сезоната одигра 12 натпревари за Јунајтед, кој моментно се наоѓа на седмото место во Премиер лигата со 34 бодови, 11 помалку од водечкиот Арсенал.

Најнови вести