Корисничко име Лозинка Пријави се
10.12.2013

Бенајун потпиша за Квинс парк ренџерс

Израелскиот интернационалец Јоси Бенајун потпиша за Квинс парк ренџерс, соопшти англискиот второлигаш.

Бенајун, кој претходно има играно за Вест хем, Ливерпул и Челзи, потпиша договор со Квинс парк ренџерс до крајот на сезоната.
„Јоси е играч од врвна класа“, изјави Хари Реднап, менаџерот на Квинс парк ренџерс.
Тој нагласи дека Бенајун има голем потенцијал.
„Тој е играч со големи способности кој секогаш ми се допаѓал. Своевремено сакав да го ангажирам во Тотенхем“, додаде Реднап и рече дека смета дека Бенајун ќе биде фантастично засилување.
Квинс парк ренџерс испадна од Премиер лигата минатата сезона, моментно е втор на табелата зад Барнли, поради лошата гол-разлика.

Најнови вести