Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2017

Бирмингам му понуди договор на Џон Тери

Бирмингам му испратил понуда за соработка на Џон Тери, англискиот дефанзивен играч и легенда на Челзи, кој на крајот на сезоната ја заврши кариерата во „сините“ од Лондон.

Легендарниот капитен на Челзи последниот натпревар за клубот го одигра во последното коло на Премиер лигата против Сандерленд (5-1), што беше негов 717 натпревар во синиот дрес за 22 години.
На Тери му истече договорот, а меѓу заинтересираните клубови за него се јави и Бирмингам, член на Шампионат лигата, а тоа го потврди и менаџерот Хари Реднап.
„На Џон му испративме добра понуда, и тоа е сè што можеме засега да направиме. Сега тој треба да одлучи, ние би сакале да го видиме во Бирмингам“, изјави Реднап.
Реднап и Тери последен пат на иста страна се најдоа неодамна, кога беше игран натпреварот во чест на Мајкл Карик. Англискиот стручњак тогаш го предводеше тимот на „сите ѕвезди“, додека 36-годишниот стопер беше капитен.

Најнови вести