Корисничко име Лозинка Пријави се
29.1.2014

Тарабт пред трансфер во Милан

Милан и Квинс парк ренџерс преговараат за можна размена на играчи, на „Сан Сиро“ би стигнал Адел Тарабт, додека во Англија би отишол Кристијан Ѕакардо.

Двајцата играчи би биле на шестмесечен заем.
Тарабт, кој моментно игра на заем во Фулам, изјави дека Милан веќе не е меѓу најдобрите клубови во Европа.
„Милан поминува низ неславен период и веќе не е меѓу најдобрите клубови во Европа. Сепак, трансферот во Милан би ми ја отворил вратата на големите клубови како што се Реал Мадрид и Барселона“, изјави амбициозниот Мароканец.
Играчот за врска од Мароко истакна дека сè уште ништо не е завршено, но потврди дека преговара со Милан.
„Мојот агент преговара со Галијани, но трансферот зависи од тоа што ќе се случи со Робињо и Пасторе“, додаде Тарабт.
Тарабт кариерата ја почна во Ленс, а во Англија дојде на 18-годишна возраст во Тотенхем. По две години, во кои не успеа да се наметне на „Вајт харт лејн“, отиде на заем во Квинс парк ренџерс, кој во 2010 година го купи. Оваа сезона како играч на заем во Фулам одигра 12 натпревари.
За репрезентацијата на Мароко одигра 15 натпревари и постигна четири голови.
Доколку би дошол на „Сан Сиро“, Тарабт би бил четврто засилување на Милан, по Адил Рами, Кеисуке Хонда и Микаел Есиен.

Најнови вести