Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2015

Реднап: Азар и Куртуа сакаа во Тотенхем

Искусниот англиски менаџер Хари Реднап изјави дека Еден Азар и Тибо Куртуа, ѕвездите на Челзи, сакале да дојдат во Тотенхем пред да направат трансфер на „Стемфорд бриџ“.

„Петлите“ го сакаат крилниот играч Азар уште од 2011 година, кога тој беше член на Лил, но триумфот на Челзи во Лигата на шампионите ја промени неговата одлука.
Од друга страна, Тибо Куртуа, еден од најдобрите голмани на светот, беше уште поблиску до „Вајт харт лејн“, но двоумењето на управата на Тотенхем, на кое Реднап не можеше да влијае, го оневозможи трансферот.
„Бев со Азар во Париз, четири часа поминавме разговарајќи. Сакаше да дојде во Тотенхем, но целата работа се развлече. Челзи ја освои Лигата на шампионите и подоцна експресно го купи“, изјави Реднап.
„Што се однесува до Куртуа, него го контактиравме уште кога имаше 17 години, но и со неговиот случај беше истата приказна. Одолжувањето го упропасти целиот трансфер, а буквално беше на чекор до нашиот тим“, додаде англискиот менаџер.
„Да доведевме кого било од нив, сигурен сум дека би биле поконкурентни за титулата, дури и повеќе, мислам дека би ја освоиле Премиер лигата“, изјави Реднап.

Најнови вести