Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2018

Челзи не го пушта Азар, плата од 336 илјади евра седмично

Англискиот премиерлигаш Челзи ќе се обиде да го задржи најдобриот фудбалер Еден Азар и му понуди нов договор со седмична плата од 336 илјади евра.

Азар е примарна цел на Реал Мадрид во овој преоден рок, означен е како наследник на Кристијано Роналдо, но Челзи нема намера да се откаже, пишува „Мирор“.
Челзи ниту за 195 милиони не сака да го пушти одличниот Белгиец, кому договорот му истекува летото 2020 година, туку сака да му ја продолжи соработката со многу подобри финансиски услови.
Азар моментно е најплатениот играч на лондонскиот тим со 230 илјади евра седмично, а со новиот договор би имал двојно поголема плата од вториот на таа листа – Сеск Фабрегас.
Белгиецот на „Стемфорд бриџ“ дојде пред шест години од Лил, а важи за еден од најдобрите фудбалери на својот тим, но и на целата лига.

 

Најнови вести