Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2018

Реал се откажа од Азар, Челзи бара 200 милиони евра

Реал Мадрид се откажа од тоа да го доведе Еден Азар, најдобриот играч на Челзи, пренесува шпанскиот весник „АС“.

Првата причина лежи во фактот дека „сините“ наводно барат околу 200 милиони евра за капитенот на репрезентацијата на Белгија, цена која Флорентино Перес, претседателот на Кралскиот клуб, не е подготвен да ја плати.
Како што се наведува, друга причина е и фактот што Хулен Лопетеги, новиот тренер на шампионот на Европа, сака да му даде максимален простор на Иско, односно слична на онаа улога која ја имаше додека беше на клупата на репрезентацијата на Шпанија.
Дваесет и седумгодишниот Азар веднаш по завршувањето на Светското првенство во Русија, на кое беше еден од најдобрите играчи, предводејќи ги „ѓаволите“ до историската бронза, изјави дека сака да го напушти Лондон – недвосмислено порачувајќи дека сака исклучиво во Мадрид, а потоа тоа го истакна и неговиот клупски и репрезентативен колега Тибо Куртуа.
Со заедничка одлука на клубовите, летниот преоден рок во Премиер лигата оваа година ќе заврши на десетти август, пред почетокот на новата сезона.

Најнови вести