Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Трансферот на Куртуа во Мадрид им одговара на „црвените ѓаволи“: Де Хеа ќе потпише нов договор со Јунајтед

Договорот на шпанскиот голман му истекува следното лето

Во таборот на Манчестер јунајтед се сигурни дека Давид де Хеа ќе стави потпис на нов, долгогодишен договор со клубот. Како што известуваат релевантните медиуми од Англија, Шпанецот при потписот ќе добие и зголемување на платата од 200.000 фунти неделно.
Неговиот договор истекува по крајот на оваа сезона, но раководството на Јунајтед сака што поскоро да се осигури дека нивниот прв голман уште долги години ќе ја чува мрежата на „Олд Трафорд“.

Голем придонес за новиот договор на Де Хеа има трансферот на Тибо Куртуа во Реал Мадрид. „Кралевите“ добија врвен голман, па така автоматски се прекина и долгогодишната потера по шпанскиот чувар на мрежата, а Јунајтед од таа гледна точка сега е со „мирна глава“. За потсетување, Де Хеа беше пред вратите на „Бернабеу“ во 2015 година, но трансферот не се реализира поради задоцнета документација.


 

Најнови вести