Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2014

Фердинанд оди во Квинс парк ренџерс

Рио Фердинанд, неодамнешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, се договорил со Квинс парк ренџерс околу условите и ќе потпише договор со клубот од Лондон.

Фердинанд одбил неколку понуди бидејќи сакал да оди во Квинс парк ренџерс за да може повторно да соработува со менаџерот Хари Реднап, а ќе игра за помала плата отколку во Манчестер јунајтед.
Тој во Јунајтед седмично заработувал 200.000 фунти, а во Квинс парк ренџерс ќе прима најверојатно третина од тоа.
Се очекува дека клубот од Лондон во наредните 24 часа ќе ги соопшти деталите на договорот.
Поранешниот репрезентативец на Англија во 1996 година дебитираше за Вест хем, кога менаџер му беше Реднап, а 67-годишниот тренер му помогна да стане најскапиот дефанзивен играч на светот, кога пет години подоцна за 18 милиони фунти направи трансфер во Лидс јунајтед.
Фердинанд, кој моментно работи како стручен консултант за Би-би-си на Светското првенство во Бразил, е слободен играч откако му заврши договорот со Манчестер јунајтед.
Фердинанд во мај, по 12 години, заминува од „Олд Трафорд“, каде што освои шест титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, ФА купот, два пати Лига купот и пет трофеи на Комјунити шилд.
За репрезентацијата на Англија одигра 81 натпревар и постигна три погодоци.

Најнови вести