Корисничко име Лозинка Пријави се
29.1.2015

Уго Алмеида во Кубањ

Португалскиот напаѓач Уго Алмеида кариерата ќе ја продолжи во Кубањ од Краснодар, соопшти рускиот клуб.

Алмеида неодамна ја напушти Чезена, а со новиот клуб потпиша договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување на соработката.
Кубањ моментно се наоѓа на осмото место на табелата на рускиот шампионат со 26 освоени бодови, 15 помалку од првопласираниот Зенит.
„Мислам дека донесов вистинска одлука, Кубањ е амбициозен клуб. Моја задача е да го работам она што најмногу го сакам, да постигнувам голови и да ѝ помогнам на екипата да ги оствари зацртаните цели во домашното првенство и во Купот“, изјави Алмеида.
Тој во Чезена стигна минатото лето како слободен играч од Бешикташ, а играше уште за: Вердер Бремен, Боависта, Леирија и Порто.
За репрезентацијата на Португалија одигра 56 натпревари и постигна 19 голови.

Најнови вести