Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2011

Прандели го награди Фарина со повик во репрезентацијата

Симоне Фарина, 29-годишниот одбранбен играч на италијанскиот второлигаш Губио, одбил понуда од 200.000 евра за местење на натпревар од Купот на Италија меѓу Чезена и Губио кој е одигран на 30-ти ноември.

Според „Газета дело спорт“, Алесандро Ѕамперини, поранешниот соиграч на Фарина од младинската екипа на Рома, му понудил 200.000 евра кон крајот на септември за да ги поткупи голманот и соиграчите од одбраната со цел да влијаат на исходот на средбата.
Фарина ја одбил понудата и случајот го пријавил во полиција, која по неговата пријава, почнала акција. Во Италија Фарина ужива статус на национален херој. Чезаре Прандели, селекторот на репрезентацијата, одлучи да го награди со тоа што го повика на подготовките на репрезентацијата кон крајот на февруари идната година за пријателскиот натпревар против САД.
„Фарина направи големо дело! Покажа голема храброст и неверојатна внатрешна сила. Тоа што го направи не е лесно и затоа сега сите мораме да го поддржиме и да му се заблагодариме“, рече Прандели.

Најнови вести